joomla 3.7 полиња по желба

Полиња по желба

Унапредете ја вашата содржина со полиња по желба!

Дали некогаш сте посакале вашите посетители да видат плус работи кај артклите, корисниците и контактите? Преку полињата по желба, имате вграден начин за да ги прикажете.
Полињата по желба нудат до 15 различни типови како листа, текст поле, датум... Администраторот ќе може да ги креира за артикли, корисници или контакти. При уредување артикл, полињата ќе се прикажат во посебно јазиче и ќе може да се пополнат. Преку групите за полиња, ќе може да се групираат полиња по желба во посебни јазичиња. ACL, повеќејазичност, изглед и разни други опции се достапни за прилагодување според потребите.
Преку некои додавки, третостраните изработувачи на надградби ќе можат полињата по желба лесно да ги интегрираат во нивните компоненти. Ќе биде како дел од нивните надградби, слично на категории, тагови или верзии.
Во Додавки, новата група “Полиња” ви овозможува да дефинирате типови на полиња по желба. На пример додавка за Twitter може да прикажува на страницата на артиклот твитови за одреден хаштаг.

ИнтеграторДизајнерРазвивач
Joomla 3.7 повеќејазичност

Повеќејазични сајтови

Создавањето и менаџирањето повеќејазични сајтови никогаш не било полесно!

Правењето повеќејазични сајтови е полесно и подобро менаџирано со опцијата за повеќејазична поврзаност.
Новата компонента Повеќејазична поврзаност овозможува преведување на содржината од едно место. Развивачите на надградби можат да ги прилагодат своите дела за интегрирање на оваа опција.
Се добива многу со тоа што содржинскиот јазик се креира автоматски при инсталација на нов јазичен пакет. Само треба да кликнете на Објави!
И тоа не е сè: Уредете ја вашата преведена содржина само со клик на јазичната иконка. Одберете, уредете и исчистете поврзани делови, во јазичето за поврзаност кај менито...

ИнтеграторРазвивач
Joomla 3.7 подобрен работен тек

Подобрен работен тек

Градете ги вашите менија и содржини во еден чекор!

Прво содржина’ е срцето на нашиот Систем за менаџирање содржини (Content Management System).
Тоа иницира работен тек од неколку чекори, генерирање категории и артикли и потоа правење мени. Потоа може да се поврза мени делот со категорија или артикл. Joomla! 3.7 го прави тоа многу побрзо и поинтуитивно.
Сега може да креирате “тројство”: мени дел, артикл и категорија - во еден чекор, без скокање меѓу менаџерите на содржини, категории и менија.
При креирање мени дел ‘единечен артикл’, кликнете на ‘копчето Создади’, напишете го вашиот артикл, зачувајте го и потоа креирајте категорија... Готово!
Исто така можете да креирате контакт, дотур и мени дел алијас во лет.

Мали измени ги прават сите разлики

  • Погледнете во глобалните поставки на вашите делови, нема веќе погодување ни потреба од двојна проверка.
  • Поедноставен, помодерен заднински шаблон.
  • Подобрено бирање на датум и време, сега повеќејазично.
  • Една најава за сајтот и за администрација и за предница. Веќе нема потреба од посебни најави!
ИнтеграторРазвивач
Joomla 3.7 UX подобрувања
Joomla менаџер на менија

Менаџер на менија

Сега можете да ги креирате, уредувате и организирате позадинските менија како што сакате!

Слободно може да имате различни администраторски менија по пристапни нивоа за вашите кориснички групи.
Ако сакате, сепак можете да го користите "поставеното мени" кое доаѓа со Joomla! без какви и да е измени.

Интегратор
Joomla TinyMCE уредувач

Повеќе со TinyMCE

Додадени се нови копчиња во алатникот!

Ти можат уште повеќе да ви олеснат. Можете да додадете врска до мени, контакт и дотур директно во вашите артикли или модули.
Прилагодувањет е подобрено па корисникот може да користи уредувач според сопствениот вкус. Процесот е себеобјаснувачки бидејќи уредувањето се базира на повлечи и спушти.
Исто така, повеќе сетови од постави можат да бидат поврзани со кориснички групи.

Интегратор
Joomla одржување надградби

Полесно одржување надградби

Развивачите на надградби сега можат да постават знаменце во манифестот на пакетот од нивната надградба!

Тоа ви овозможува да ги блокирате администраторите од можноста да одинсталираат компонента, модул или додавка одвоено.
Тоа ве спречува од бришење по грешка важен дел од надградба, бидејќи ќе мора да го одинсталирате пакетот комплетно за да ја одинсталирате надградбата.

ДевелоперИнтегратор

Чекај, има уште...

Многу дополнителни функционалности и подобрувања за програмери, интегратори и дизајнери!

  • Овозможува да внесете наслов на персонализираната страна без предходно да креирате мени копче#10838 **
  • Изложена cache_path конфигурација, ловење на исклучоци за чистење на кеш при зачувување на конфигурацијата #13520
  • Овозможено registering callback functions за debug конзолата #11700
  • Нов метод на повикување стрингови од store #11692
  • Нова можност за освежување кеширани JTable полиња #11046
  • onAfterRenderModules event во рендерирање модули #10113
  • Нов метод isClient($identifier) е воведен во JApplicationCms class #8971
  • Додаден филтер за Насловни во mod_articles_news #12547
  • Приказ на поставениот лимит при качување #12396
  • Додаден по желба суфикс текст за Mass Mail Form страницата #12078
  • Модулот за приказ на најнови артикли сеги ви дава сортирање по 'Датум на уредување' #11128
  • Во глобалните поставки, сега можете мејл поставките да ги конфигурирате со новите полиња 'Одговор до' и 'Одговор до име' #11015
  • Нова 'show_info' опција (скриј/прикажи) е достапна во com_contact и други подобрувања #8607
  • Joomla! обнова: Проверка на минимум поддржана база и верзија #12355
  • Индикатор ви овозможува да видите кој мени дел е скриен или не при приказ на мени листа #11998
  • New 'show/hide' introtext parameter integrated in to the newsflash module #11564
  • Следење на односите пакет/надградба #12977
  • Нова додавка која прикажува порака за обнова на PHP верзија #11498
  • Подредете ги вашите артикли по гласови или рејтинг во позадина или на предницата кога е вклучена додавката за гласање #11225
  • Медии сега има 'Селектирај ги сите' поле, па може со еден клик да бришете цела папка #8852
  • Поставките се прикажуваат покрај ‘Користи глобално’ полето #11911
  • Модернизиран е ISIS шаблонот #12319
  • Подобрување на бирачот на време и датум #11138
  • Корисниците можат да делат сесии меѓу апликации #12068

** Кликнете на бројот за да науќите повеќе за можноста на GitHub.

* Над 700 подобрувања се направени во Joomla! 3.7.

Сакате да ја преведете оваа страница? само најавете се тука!